Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > Slider > Гедбан се ожени, алжирецот во Требиње ќе се приклучи на подготовките на Вардар
Гедбан се ожени, алжирецот во Требиње ќе се приклучи на подготовките на Вардар

Гедбан се ожени, алжирецот во Требиње ќе се приклучи на подготовките на Вардар

Двајцата голмани кои недостасуваат на подготовките со Европскиот ракометен Шампион, се Калифа Гедбан и Марко Кизиќ. Вториот се наоѓа на подготовки со кадетската репрезентација, која од 6.август во Скопје ја очекува Светското првенство, додека првиот доцни поради приватни обврски. Причина е тоа што, алжирецот реши да се ожени, па поради тоа го немаше на тренинзите во Скопје.

1 2

Се очекува Гедбан, директно да се приклучи на подготовките во Требиње, и да се стави на располагање на стручниот штаб на Вардар. На подготовките во Требиње, ќе биде и младиот Васил Гогов, кој во новата сезона ќе брани за Вардар Јуниор.