Фудбалскиот Суд во Лозана ја уважи жалбата на Максим Максимов кој може да ја продолжи својата фудбалска кариера.
Максимов беше суспендиран, заедно со Вардар кому му беше изречена забрана за трансфери во следните два преодни рока. Сега кога се укина суспензијата на рускиот напаѓач, веројатно ќе се укине и на нашиот тим, кој би можел да купува нови фудбалери во зимскиот преоден рок.
Максимов настапуваше за Вардар до стартот на 2019 година, а од зимскиот преоден рок повеќе не е дел од „црвено-црните“. Потпиша со летонски тим Рига, меѓутоа не можеше да игра поради тоа што веднаш беше изречена суспензија.