Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > По победата вчера Македонија е аспирант за 1/2-финалето, утре на „мегдан“ го имаме Азербеџан
По победата вчера Македонија е аспирант за 1/2-финалето, утре на „мегдан“ го имаме  Азербеџан

По победата вчера Македонија е аспирант за 1/2-финалето, утре на „мегдан“ го имаме Азербеџан

Денес е слободен ден на ЕХФ шампионатот за девојки до 17.години во Италија, каде по три натпреварувачки дена денес е ден за одмор и сумирање на првичните резултати. На Македонија оваа пауза и е добредојдена пред решавачките два натпревари кои не очекуваат. Денес девојките ќе имаат време за релаксација и „полнење на батериите“.

По три дена ситуацијата во групата полека се назира, два тима имаат по три одиграни меча. Домаќинот кој со три победи веќе е речиси во полуфиналето и нашиот утрешен ривал Азербеџан кој е „фенерџија“ со три пораза. Останатите три тима меѓу кој и црвено-жолите се аспиранти за втората позиција која носи во полуфиналето. Сите имаме идентичен скор, покрај нас Полска и Белорусија имаат по два бода, односно една победа и еден пораз.

6

Утрешниот меч ние клучен за да ги максимализираме шансите за полуфинале,  играме против Азербеџан во 18-00 часот. Другите два тима Полска и Белорусија играат помеѓу себе. Дуелот кој по се изгледа ќе биде одличувачки за пласман во следната фаза е тој со Полска, кој го играме задутре во истиот термин.