Полуфиналето е на дофат за девојките на големи срце, кадетскиот женски состав на Македонија. Тие газат на ЕХФ Шампионаот во Италија. Вчера дојдоа до втората победа, убедлививи беа против Азербејџан. Избраничките на Пановски и Симовски успеаа да победат со 30-23, во меч во кој доминиравме. Грујовска Симона на голот беше во „екстаза“ одбрани 19 пати за само 36.минути, Трајкоска Јована ја замени и имаше 7 одбрани. МВП на мечот беше Ангела Костовиќ која воедно беше и прв стрелец со 5 гола.
Победата ни носи прилика сами да бидеме сопственици на судбината, денес во 18-00 часот играме со Полска. Триумф во оваа средба носи она што ќе биде „круна“ на досегашните игри пласман во полуфиналето. Мечот ќе биде битка на два одлични тим. Од истиот може да се гледа пренос во живо.
Видео стримот за овој дуел може да го најдете на следниот ЛИНК!