Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Шест играчи од ФК Вардар, на тренинг кампот во Дојран, со репрезентацијата до 17 години
Шест играчи од ФК Вардар, на тренинг кампот во Дојран, со репрезентацијата до 17 години

Шест играчи од ФК Вардар, на тренинг кампот во Дојран, со репрезентацијата до 17 години

Фудбалската репрезентација до 17 години се наоѓа на тренинг камп во Дојран, каде ќе се задржи со 11.август.

За овие подготовки, селекторот на Македонија повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Лука Стојковски, Грегори Давков, Андреј Стојчевски, Абдула Хасани, Филип Ѓоргоски и Дарио Јовановски.

Пред два дена оваа селекција одигра меѓусебен контролен натпревар, додека денес ќе ги одмери силите со генерацијата 2001/02 од екипата на Академија Пандев.