Пионерките на ракометниот клуб Вардар имаа успешен старт на турнирот „Лавови Хенбал Челинџ“. Избраничките на Платон и Папуџиева успеаа да ги добија првите два натпревари.
На отварање на турнирот се сретнавме со екипата на Железничар, која ја совладавме со резултат 13:18. Бевме сигурни и во второто коло, во кое за противник го имавме тимот на Цепелин, кој го совладавме со резултат 19:16. Имавме контрола на резултатот на двата натпревари и заслужено славевме.
Во текот на утрешниот ден, нашите пионерки ги очекуваат два натпревари на овој турнир.