ФК Вардар лесно ја мина првага пречка во Купот на Република Македонија. Денес на гостувањето кај Саса триумфиравме со 0-5 и обезбедивме 1/8-финале.
На овој меч Александар Васоски, им даде шанса на многу млади фудбалери кои ја оправдаа довербата и запишаа сигурна победа со доминантна игра.
Резултатот беше отворен рано, во 3. минута кога погоди Ибиши. Раното водство допринесе за мирен остаток од мечот за гостите. Првиот дел го добивме со високи три гола предност, за нас погодија Игнатов и Цветановски. Момците на Васоски по 45.минути игра имаа високи 0-3 “визирана” следната фаза од Купот.
Вториот дел беше рутина, младиот вардаров тим лесно се справи со ретките атаци на Саса. Погодивме преку Цветановски и Аврамовски за конечни 0-5 на овој 1/16 финаен дуел од националниот куп.