Избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева, нашите пионерки на ЖРК Вардар денес во одиграат полуфинале на турнирот „Лавови хендбол челинџ„ во Белград. Противник ни беше екипата на Таурунум, во овој дуел за место во големото финале нашиот ривал успеа да победи.
Заморот на овој меч зема данок, ние бевме поразени со четири гола, 20-16. Девојките во црвено-црна комбинација на самиот почеток на полуфиналната средба против Таурунум влегоа во жестока битка за секоја топка. Одлично одигравме во поле па на одмор заминавме со реми резултат, 9-9. За жал ривалот во вториот дел успеа да биде посконцетриран и обезбеди финале.
Утре на последниот ден од турнирот ќе играме во мечот за треттото место. Ривал во овој дуел за бронза ни е тимот на РК Јуниор.