Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот Шампион немаше проблеми, Вардар утре против Кил во 1/2 финалето на „Супер Глоуб Купот“
Европскиот Шампион немаше проблеми, Вардар утре против Кил во 1/2 финалето на „Супер Глоуб Купот“

Европскиот Шампион немаше проблеми, Вардар утре против Кил во 1/2 финалето на „Супер Глоуб Купот“

Европскиот Шампион успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на „Супер Глоуб Купот“ откако вечерва во една рутинска игра успеа да го победи тимот на Ал Мудар.

received_462391341281292

Натпреварот започна со по еден гол на двете страни, Вардар го отвори резултатот преку Горпишин, за противникот да врати и да го израмни резултатот. Следуваше период од четири минути во кои и двете екипи не можеа да го пронајдат патот кон мрежата, кај нас одлично започна Артурс Кугис кој стигна до две одбрани, но и голманот на Ал Мудар ги истакнуваше своите квалитети. Дисингер погоди за 2:1, додека во 9 минута резултатот беше израмнет на 3:3, тоа беше и последното израмнување на овој меч. Благодарение на својата петта одбрана на Кугис, Вардар започна да се одлепува од противникот, за прв пат во 11 минута имавме два гола позитива (5:3) кога погоди Дисингер. Германецот во нашите редови беше расположен за игра, и со својот трет гол донесе водство од 6:4. Нова одбрана на Кугис, вкупно шестта во тој момент, значеше контра за Вардар, која во гол ја претвара Чупиќ, за највисоки 7:4 на овој дуел. Следеше период од пет минути во кои игравме лошо, му дозволивме на тимот на Ал Мудар да сврзе два гола во серија, а доколку не беше одбранетиот зицер на Кугис, можеа лесно и да го израмнат резултатот. Казнува кај нас, со два брзи гола, десното крило, Иван Чупиќ кој повторно му носи на својот тим позитива од три гола. Нашиот тренер, Писонеро започна да ротира со составот, па полека им даваше шанса и на останатите ракометари. Минутите на теренот одлично ги искористи Павел Атман, кој постигна два гола, од кои едниот беше за зголемување на највисоки 14:9. Противникот за момент се врати и тоа со два брзи и лесни гола од контра-напади, за намалување на 14:11, но до крајот на првиот дел, Вардар ја врати најголемата предност и со погодокот, на уште едно засилување, Сикошек Пелко, на одмор одиме со водство од 17:12. Мора да се потенцира дека голема работа во првиот дел заврши голманот Кугис, кој имаше 8 одбрани, додека Чупиќ имаше 4 голови од исто толку обиди.

received_395733951084271

Ал Мударго отвори второто полувреме со гол, но Вардар врати преку Дибиров и Кристопанс, за зголемување на 19:13. Претходно прва интервенција на мечот и за нововлезениот Калифа Гедбан. Домашниот тим не успева да го искористи периодот во кој нашиот шампион имаше двајца играчи помалку на теренот, наместо да намалат, Вардар со голот на Дибиров и на Гедбан, зголеми веќе на високи 23:16, по што следеше тајмаут. Имавме цеосна контрола на играта и резултатот, продолживме да го полниме голот на противникот, со петттиот гол на Дисингер стигнавме и до двоцифрена предност од 27:17 во 42 минута од овој 1/4 финален меч на „Супер Глоуб Купот“. На голот застана и најмладиот во составот, Марко Кизиќ, кој во својот прв удар кон неговиот гол стигна до прва одбрана. Мислите веќе беа насочени кон дуелот со Кил, домаќинот го користи нашето опуштање, па ја спушти негативата на седум гола (30:23) во 54 минута. Во игра ги видовме и Кукуловски и Димитриоски, а токму новото засилување постигна гол од својата позиција за водство од 32:23. На крајот триумф за Вардар со резултат 34:27.

Дибиров најефикасен со 6 голови, Дисингер и Чупиќ постигнаа по 5. Утре во полуфиналето не очекува дуел со екипата на Кил.