Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дамите стартуваат против Велкова-5, момците против РК Алушевски, познати ривалите на пионерските состави
Дамите стартуваат против Велкова-5, момците против РК Алушевски, познати ривалите на пионерските состави

Дамите стартуваат против Велкова-5, момците против РК Алушевски, познати ривалите на пионерските состави

Познати се групите со ривали и противниците за првото коло на пионерските  ракометни екипи на Вардар. Момците на Зоран Петковски-Зенга, пионерите на РК Вардар  ќе играат во групата-3, во истата покрај Вардар ќе бидат и тимовите на: Рисови, Аеродром, Ѓорче, Бутел, Алушевски, Ринија, Металург-2,  РК КЛ-7 и Шампион.

Нападот на шампионската круна на која атакуваме оваа сезона поради акомулираното искуство во оваа лига ќе го започнеме како домаќини. Ние во С.Ц „Јане Сандански“ ќе ја пречекаме екипата на РК Алушевски во првото есенско коло од сезоната 2019/2020.

4711-660x330

Кај дамите, пионерките на ЖРК Вардар  ќе настапуваме во пионерската група-1 каде покрај нас дел се и следните тимови: Аеродром, Алушевски, Ѓорче, Велкова-5, Драчево, КЛ7, Делчево,  Куманово и  Металург. 

Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева во првото коло ќе бидат гости тие ќе гостуваат кај екипата на Велкова-5. Младите лавици во оваа конкуренција лани издоминираа максимално и со сите победи во групата и на Ф-4 турнирот се „прошетаа“ до завршниот Ф-4 турнир. Оваа сезона тие ја бранат титулата.