Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Филип Јовановски постигна гол за Македонија У15, на развојниот турнир во Скопје
Филип Јовановски постигна гол за Македонија У15, на развојниот турнир во Скопје

Филип Јовановски постигна гол за Македонија У15, на развојниот турнир во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години одигра веќе два натпревари на развојниот турнир, кој се одржува во Скопје.

На првиот меч, Македонија одигра без победник во дуелот со селекцијата на Црна Гора (1:1). Стрелец на единствениот гол за нашата репрезентација беше токму вардаровиот играч, Филип Јовановски, кој на најдобар можен начин го прослави своето деби во националниот дрес.

На вториот меч, бевме несреќно поразени од соодветната селекцијата на Косово. Избраниците на Тони Јакимовски имаа многу повеќе од играта и шанси на овој дуел, девет директни удари кон противничкиот гол, кои за жал ни еден не завршија во мрежата, за разлика од Косово кој во својот единствен удар во рамките на нашиот гол, успеаа истиот да го реализираат и да го добијат овој меч, со конечни 0:1.

Во стартниот состав на дуелот со Косово, беа и двајцата играчи од Вардар, тоа се Горјан Цветков и Филип Јовановски. Во оваа селекција се и играчите од Вардар, кои треба да одработат уште една година во Академијата на ФФМ. Се работи за Апостоловски, Здравковски, Фидановски и Курти. Утре ќе одиграме уште дуел, против селекцијата на Албанија.