Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прв сериозен испит на „Супер Глоуб Купот“, Вардар и Кил ќе се борат за пласман во големото финале
Прв сериозен испит на „Супер Глоуб Купот“, Вардар и Кил ќе се борат за пласман во големото финале

Прв сериозен испит на „Супер Глоуб Купот“, Вардар и Кил ќе се борат за пласман во големото финале

Вардар против Кил, во борба за големото финале на „Супер Глоуб Купот“ или неофицијалното светско првенство, кое се одржува во С.Арабија.

Вчера и двете екипи ги добија своите 1/4 финални мечеви, Вардар многу полесно, додека Кил се помачи повеќе за да стигне до дуел со Вардар. Нашиот шампион одигра онолку колку што беше доволно за да се победи тимот од Ал Мудар, додека Кил иако имаше солидна предност по првото полувреме против екипата на Замалек, сепак во вториот дел не изгледаше така лесно за германците, со оглед дека во еден момент претставникот од Египет намали на само еден гол негатива, сепак искуството па и поголемиот квалитет на крајот пресудија, Кил да победи и да игра во полуфиналето.

Сепак и Вардар и Кил ги оправдааа фаворитските улоги на овие мечеви и денес во меѓусебен дуел ќе се борат за пласман во големото финале, каде таму најверојатно ги чека екипата на Барселона. Избраниците на Писонеро делуваа одлично на вчерашниот меч, освен неколкуте технички грешки во поедини моменти, кои можеби беа очекувани, со оглед дека ова е речиси нов состав на Вардар, со нов предводник од клупата и неколку нови засилувања, на кои ќе им биде потребно време да го фатат посакуваниот ритам. За пофалба се голманите, пред се Артурс Кугис кој за 30 минути имаше осум одбрани, но и Гедбан како и младиот талентиран, Кизиќ, кој во вториот дел заедно собраа осум интервенции. Задоволија и новите аквизиции на пикерската позиција, Горпишин и Пелко, кои покажуваат дека не случајно се донесени во редовите на Европскиот Шампион, играчи кои даваат надеж, дека можат да бидат замена за Мораес Фереира и голема поддршка за Стоилов. Крилата вообичаено се добри, тука се искусните Дибиров и Чупиќ, како и Шишкарев, но и младиот Димитриоски кој на најдобар можен начин ги искористи минутите на теренот. Атман исто така имаше минутажа, се запиша во листата на стрелци, Дисингер одличен, Кристопанс повторно е наш лидер како во нападот, така и во одбраната, додека Скубе треба оваа сезона да биде „мозокот“ на екипата.

Денес не очекува сосема поинаков дуел, пред себе имаме многу посилен и посериозен противник, меч на кој ни требаат добри 60 минути доколку сакаме да играме во финалето. Натпреварот со Кил стартува од 16:20 часот со директен пренос на Телма, додека во другото полуфинале ќе се соочат екипите на Барса и Ал Веда, дуел кој стартува од 19:00 часот.