Пионерките на ЖРК Вардар се пласира на позицијата број четири на меѓународниот турнир во Белград. Тие денес во малото финале на турнирот „Лавови хендбол челинџ“ беа совладани од екипата на РК Јуниор.
Првиот дел нашиот ривал го отвори подобро во воедните пет минути кога поведе со 3-1. Тие ја контролираа играта во првиот период од минута во минута успеваа да ја зголемуваат предноста, во 15.минута поведоа со високи осум гола, на семафорот стоеше 12-4 за тимот на РК Јуниор. Во последните пет минути од овој период (се играше по 20.минути полувреме) ние успеавме да се стабилизираме и да одиграме гол за гол, двата тима постигнаа по три гола, па на пауза се замина со резултат 15-7.
Вториот дел го започнавме фуриозно во првите 4.минути, ги затворивме сите приоди кон нашиот гол, во напад успеавме да погодиме три пати за да намалиме на 15-10. На средината од ова полувреме дојдовме на пристојни три гола негатива, кога погодивме за 17-14. До тогаш во овој дел имавме серија 2-7, ние бевме тимот кој го диктираше темпото на мечот. Ривалот со серија 4-1 успеа да се врати на комотни шест гола, поведувајќи со 21-15. Ние се обидовме уште еднаш да фатиме приклучок па со два врзани гола намаливме на 21-17 на 6.минути до крајот. Потоа ништо не ни одеше, противникот го исконтролира дуелот и победи со резултат 26-18.