Вардар за само два дена одигра уште еден натпревар, овој пат во сеха-лигата. После поразот во Данска од тимот на Колдинг, избраниците на Гонзалес загубија и во ова натпреварување. Загреб го контролираше резултатот од почетокот, па се до крајот на првото полувреме. Ние имавме предносд од 3:4 во 8 минута од мечот, благодарение на двата гола на Филип Лазаров. Повторно неможевме да сметаме на Штербик, па голманскиот тандем го сочинуваше Ангелов-Милиќ, кои немаа забележителна улога во првите 30 минути. Набрзо избраниците на Вујовиќ ја преземаат предноста и стигнуваат до 9:6 во 15 минута. Нашиот шампион се враќа во игра и успеваме да израмниме на 10:10, со голот на Игор Карачиќ. Заморот си го правеше своето, направивме неколку грешки кои му овозможија на противникот да стигне до најголемата предност од четири гола позитива. Поранешниот играч на Вардар, крилото Раковиќ погодува за највисоки 15:11. До крајот на првото полувреме, успеваме да намалиме и да се замине на пауза со резултат 16:14.
Одлично го започнавме вториот дел, кога по само една минута успеваме повторно да израмниме на 16:16. Нешто подобро издание во овој дел на мечот за голманот Ангелов, кој успева да одбрани по ред неколку удари. Лазаров беше вистински предводник на нашиот напад, кој одржуваше резултатска рамнотежа. Слично како и во првото полувреме, Загреб прави серија од 4:0 за повторно највисока предност од 23:19. Абутовиќ во непрепознатлива улога за него, го постигнува својот прв гол за намалување на 23:21 во 45 минута. Ангелов во тие моменти имаше 8 успешни интервенции. Домаќинот умешно ја одржуваше предноста, која се движеше од 2-4 голови. Конечниот резултат гласеше 30:25
Лазаров беше најефикасен со 7 постигнати голови. Карачиќ постигна 4, Манасков и Шишкарев додадоа по 3 голови.