Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварите со Израел и Летонија. Интересно, по подолго време, ниту еден играч од редовите на Вардар не се најде на списокот на повикани фудбалери.
ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ ЗА ДУЕЛИТЕ СО ИЗРАЕЛ И ЛЕТОНИЈА:
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски.
ОДБРАНА: Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Езџан Алиоски.
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди, Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски, Ељиф Елмас, Кире Маркоски, Марјан Радески, Љупчо Дориев.
НАПАД: Горан Пандев, Иван Тричковски, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Крсте Велкоски, Влатко Стојановски.