Прв неуспех за избраниците на Стојан Петрушевски, во дебитантската сезона на првата ракометна лига. Лидерите на табелата по првите четири одиграни кола се сретнаа меѓусебно во борбата за првото место. Триумфот им припадна на ХЈС Работник, кој славеше минимално со резултат 25:24.
Во првото полувреме гледавме израмнета игра на двете страни. Ниту една од екипите не успеа да се одлепи на поголема разлика од два погодоци. Се играше најчесто гол за гол на двете страни. Првата поосетна предност, домаќинот од Битола ја имаше во 10 минута кога поведе со 5:3 а потоа и со резултат 6:4. Во следниот период, црвено-црните не само што успеаа да го израмнат резултатот, туку и да поведат со еден гол 7:8. До крајот на првото полувреме, сепак Работник беше екипата која замина со водство од 12:11
Во вториот дел, ХЈС Работник го контролираше резултатот до крајот на натпреварот. Ние постигнавме први гол, за да го израмниме резултатот. Битолчани успеаа во два наврати да направат серија од 3:0, што се покажа како пресудно за конечниот победник. Веќе во 38 минута ја имаа најголемата позитива од четири голови 17:13. Вардар се обидуваше да се врати во мечот, но тешко одеше. Противникот се повеќе ја зголемуваше предноста, резултатот во еден момент беше 21:14, што беше и најголемото водство за домаќинот. Сепак до крајот, доколку имаше уште неколку секунди за игра, можеше да се случи целосен пресврт. При резултат 25:20, нашиот тим постигна четири голови во серија за намалување на резултатот од 25:24, кој за жал беше и конечен на овој дуел. Ова е прв пораз за оваа екипа во првата ракометна лига. Претходно остваривме четири победи.
Најефиаксен во нашите редови беше Тоше Ончев со 9 голови. Мартин Димов и Александар Димовски додадоа по 4 погодоци.
Вардар 2 : Кизиќ, Виларов, Димов 4, Јагуриновски 1, Димовски 4, Анастасовски 1, Стојковски, Дамчевски 1, Стошиќ, Трпчевски 1, Димитровски, Кукуловски, Крстевски, Димковски 1, Ончев 9, Арсеновски 2.