Екипата на Вардар Јуниор ги игра последните контролни натпревари пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.
Избраниците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков во изминатиов период одиграа два пријателски дуели и тоа против екипи, кои се дел од Супер Лигата. На гостински терен младиот состав на Вардар Јуниор направи изненадување и ја совлада екипата на Струга со резултат 26:23.
Одигравме меч и против новиот суперлигаш, тоа е тимот на Работнички, кој го победивме убедливо со резултат 30:23. Ова се мечеви за подигнување на формата, но и за воигрување на тимот пред стартот на новата сезона, кој е закажан за следниот викенд, кога црвено-црните во рамките на првото коло од Супер Лигата ќе гостуваат кај екипата на Радовиш.