Ецкоски Марјан од Охрид ќе биде главен судија на неделниот натпревар во Тетово на кој се среќаваат домаќинот Ренова и тимот на Вардар од Скопје.
Помошници на Ецкоски ќе му бидат Маркоски Слаѓан и Таравари Ебрар од Гостивар, додека пак четврти судија ќе биде Петковски Мартин од Куманово. Поради епитетот дерби, ќе има и судии зад головите, а тоа ќе бидат Качевски Јован и Тефику Ндерим.
Дуелот на овие два тима се игра утре со почеток од 16:30 часот.