Генерацијата 2007 се пласираше во големото финале на меѓународниот турнир „Гази Баба Куп“, додека генерацијата 2010 ќе игра за третото место, откако загуби дури после изведување на удари од белата точка.
Во реприза од финалето на детската лига, генерацијата 2007 на Вардар успеа да ја добие екипата на Кул. Само еден го реши овој дуел, истиот заврши во мрежата на Кул и го постигна Стефан Младеновски. Во првото полувреме не видовме гол, ниту некоја посериозна шанса за отварање на резултатот. Избраниците на Петрески имаа неколку обиди, сепак немаше погодок, додека противникот се закани од слободен удар, но своите голмански квалитети ги истакна Даниел Исајловски, бранејќи тешка топка.
Во вториот дел исто така имаше борбена игра на двете страни, а топлото време ги отежнуваше условите за игра. Црвено-црните се заканија преку Шаботиќ и Младеновски, но одбрани голманот на Кул. Кај нас повторно одбрани Исајловски, крајот на мечот полека се ближеше, а немаше гол. Во последните пет минути од дуелот, Вардар успева да го скрши отпорот на Кул, одлична акција на капитенот Грашески кој додаде прецизна топка до Младеновски, нашиот напаѓач со големо фудбалско чувство ја смести топката во противничката мрежа. До крајот на дуелот немаше некоја голема прилика, Вардар слави триумф од 1:0, доволно да играме попладнево во големото финале.
ФК Вардар генер.2010 во полуфиналето беше поразен по пенали од екипата на ФК Биџо-Куманово. Регуларниот дел заврши 1-1, поразот на пенали дојде со резултат 3-4.
Дуелот почна со тврда игра, двата тима се бореа посакувајќи пласман во финалниот дуел. Од првата посериозна шанса ние поведовме, Огнен Сивевски со надворешниот дел од копачката упати одличен удар за наше водство со 1-0. Ривалот се закани на нашиот гол одлично одбрани Марко Јовановски. Првиот дел изобилуваше со многу борба, но малку прилики. До крајот на истиот уште еднаш се заканивме, Далибор Марковиќ се обиде да го одвои водството, неговиот удар мина крај директот. Со минимална предност заминавме на одмор.
Вториот дел наликуваше на првиот, се играше помеѓу двата казнени простори. По една добра акција ривалот успеа со удар од дистанца да изедначи со гол за 1-1. Стефан Ристиќ имаше прилика, одлично шутна голманот на кумановчани одлично одбрани. Потоа ние имавме прилики да се вратиме во водство, Марковиќ имаше обид откоси, шутот на Илиќ го одбрани беше одбранет. Последна прилика да се избегнат пенали имаше Благоја Седлоски, тој шутна силно за жал топката мина крај дирекот.
Следеа пенали се изведуваа по пет, по истите беше реми 3-3, двата тима не успеаа да реализираат по два казнени удари. Во дополнителната шеста серија Биџо успеа да биде поуспешен и победи на пенали со 4-3. Ние ќе играме за „бронза“ попладнево.
Попладнево не очекува натпревар за трето место на турнирот.