Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гедбан со најмногу одбрани, Кизиќ со најдобар процент на одбранети удари, после првото коло во СЕХА-лигата
Гедбан со најмногу одбрани, Кизиќ со најдобар процент на одбранети удари, после првото коло во СЕХА-лигата

Гедбан со најмногу одбрани, Кизиќ со најдобар процент на одбранети удари, после првото коло во СЕХА-лигата

Вардар со победа ја стартуваше новата сезона во СЕХА-лигата, откако на домашен терен убедливо ја совлада екипата на Пекинг Спорт.

Што се однесува до статистичките податоци после одигрување на првото коло, Вардар ги има најдобрите голмани. Најмногу одбранети удари во првото коло имаше токму Калифа Гедбан, вкупно 13 интервенции за вардаровиот голман, што го стави на првото место по оваа статистика. На втората позиција е Владимир Цупара од екипата на Веспрем, со вкупно 11 одбрани, додека македонкскиот репрезентативец на голот на Еурофарм, Николче Митревски имаше 10 одбрани во дебитантската победа на битолчани против Спартак Москва.

Што се однесува до процентот на одбранети удари, интересно на првото место се најде Марко Кизиќ, кој има 57% на одбранети топки. Кизиќ доби шанса на дуелот со Пекинг Спорт, која ја искористи на најдобар можен начин, имаше 4 одбрани од 7 удари кон неговиот гол. На втората позиција е неговиот тимски колега, Калифа Гедбан кој има 39% на успешно одбранети удари.

Утре, Вардар го игра второто коло во СЕХА-лигата, нашиот шампион гостува во Укранина, кај екипата на Мотор Запорожје.