Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите на ФК Вардар 2007, 2008, 2009 и 2010 ќе играат во 1/4 финалето на турнирот „Кул Куп“
Генерациите на ФК Вардар 2007, 2008, 2009 и 2010 ќе играат во 1/4 финалето на турнирот „Кул Куп“

Генерациите на ФК Вардар 2007, 2008, 2009 и 2010 ќе играат во 1/4 финалето на турнирот „Кул Куп“

Денес на програмата беше вториот натпреварувачки ден на турнирот „Кул Куп 2019“. Сите четири генерации на ФК Вардар обезбедија пласман во четврт-финалето и утре ќе ги гледаме на стадионот на „Цементарница“ место каде се одржува турнирот.

Генерацијата 2007 на убедлив начин се пласира во 1/4 финалето откако и на третиот меч издвојувавме победа. Денес за противник го имавме тимот на Цементарница. Доминација за вардарци на овој дуел кои на крајот заслужено стигнаа до победата. Уште во првите минути од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот откако погоди Стефан Младеновски за водство од 1:0. Противничката екипа имаше можност да го израмни резултатот, откако во два наврати ја погодија пречката од нашиот гол. Црвено-црните го зголемија водството на 2:0, се играше акција од левата страна нафрли Томовски топка, Младеновски скокна со глава ја смести топката во мрежата. Притискаа избраниците на Горан Петрески и во продолжение од мечот. Се обиде и Смиљков, но одбрани голманот на Цементарница. После една добра акција на Вардар, во листата на стрелци се запишува и Емир Шаботиќ за предност од 3:0. До крајот на мечот се обиде и Киш, но одбрани голманот.

8

2 3

Генерацијата 2008 одигра без голови во дуелот со екипата на Спорт Ефе, во рамките на второто коло. Иако имавме неколку шанси за отварање на резултатот, до крајот останаа мрежите мирни на двете страни. Митаноски се закани прв, но одбрани голманот на Спорт Ефе, додека врати и екипата на Спорт Ефе, но одбрани Лука Грчевски. Избраниците на Петар Ѓорѓиески се обидоа да постигнат гол, имавме повеќе од играта и поголем посед на топка. Удари кон противничкиот гол имаа и Дамјаноски и Киш, но одбрани голманот на Спорт Ефе. Голема прилика пропушти и Лука Трпевски, откако Азизи му додаде топка, Лука биеше од прва, но топката оди над голот. Се закани уште и Азизи, но резултатот остана непроменет.

4 5 6 7

Во решавачкиот меч, генерацијата 2008 успеа да ја совлада екипата на Албарса, минимално со резултат 1:0. Противникот од Чаир даде силен отпор, но оваа генерација повторно покажа карактер и со еден гол го одлучи победникот на овој меч. Не видовме многу шанси на двете страни, се играше цврсто и претпазливо, беа затворени приодите кон двата гола. Албарса имаше два удари, но нашиот голман, Лука Грчевски не дозволи да биде совладан. Вардар успева да поведе со 1:0 со погодокот на Петар Блажевски, кој успешно беше проигран, при акција од левата страна, топката стигна до Блажевски кој погоди за водство. Шанса кај нас имаше и Арти Азизи, кој биеше над голот. Противникот се обиде да израмни, но Вардар не дозволи никаква опасност кон нашиот гол, нашата дефанзивна линија со Кесиќ, Бојковски и Ташовски, делуваше сигурно и на овој меч. Избраниците на Петар Ѓорѓиески завршија на првото место во својата група и утре ќе играат во 1/4 финалето на турнирот.

Генерацијата 2009 во текот на денешниот ден забележа две победи и го потврди пласманот во 1/4 финалето на „Кул Куп“. Избраниците на Кралевски одиграа сигурно, покрај постигнатите голови имаа уште неколку добри шанси за повисоки победи. Во рамките на 3. коло се сретнавме со екипата на Дрим Тим, која ја победивме со резултат 2:0. Матеј Николов го имаше првиот удар кон противничкиот гол, кој заврши крај голот на противникот. Во следните обиде се заканија и Папаливски и Вито Павлов, но одбрани голманот на Дрим Тим. Противникот не се изнаигра многу на овој меч, играта главно беше на нивната половина, со пресинг од црвено-црните. Иницијативата даде резултат, кога погоди Дарин Михајловски за водство од 1:0. Имавме можност за кратко да го зголемиме резултатот, но Јаков Стојковски ја погоди стативата, додека истиов играч имаше уште една шанса, но ударот оди над голот. Доминацијата на вардарци траеше во текот на целиот меч, постојано создававме шанси за погодок. Се заканија и Михајловски и Кралевски, но без реализација. Обид имаше конечно и Дрим Тим, но сигурен на голот е Баснарков. Во последните пет минути од дуелот, Вардар ја потврди победата, со вториот гол на Михајловски, кој погоди за 2:0, што беше конечен резултат на овој дуел.

9 10 11 12

Во 4.коло од групната фаза, вардарци ја победија екипата на Цементарница со резултат 5:3. Вардар прв успеа да го отвори резултататот на овој дуел и да поведе со голот на Јаков Стојковски. Имавме контрола на играта и на овој меч, па набрзо повторно ја тресеме мрежата на противникот, стрелец за водство од 2:0 е Матеј Николов. Вардар веќе имаше и убедливо водство од 3:0, откако Стојковски Јаков постигна втор гол на мечот. Следеше мало олабавување во нашите редови, што го искорист екипата на Цементарница за да намали на 3:2. Сепак црвено-црните вратија со головите на Андреј Кралевски за 4:2 и на Јаков Стојковски за 5:2. До крајот на дуел падна уште еден гол, кој го постигна противникот, за да ги постави конечните 5:3. Со три победи и еден нерешен резултат, Вардар го освои првото место во групата.

Генрацијата 2010 иако стартуваше со пораз на турнирот, сепак денес успеа да освои четири бодови и да се пласира во 1/4 финалето на турнирот. Утрово избраниците на Колев во доминантен дуел ја победија екипата на Цементарница со резулат 4:1. Два гола на мечот беа дело на Благојче Седлоски, додека по еден постигнаа Петар Васоски и Стефан Ристиќ.

70321448_515212475960083_5058127519291539456_n

Во решавачкиот дуел се сретнавме со екипата на Биџо, со која одигравме без победник (1:1), но поради подобрата гол разлика, Вардар ќе игра утре во 1/4 финалето. Вардар имаше повеќе од играта на овој меч, па немаше да биде незаслужено и доколку победи. Ристиќ и Седлоски ги имаа првите обиди кај нас, но одбрани противничкиот голман. Удар имаа и кумановчани, но резултатот остана оној почетниот. Вардар прв успеа да поведе и да го отвори резултатот за 1:0. Добра акција на Седлоски кој додаде со Ристиќ, овој успева да погоди за предност. Добра шанса имаше и Седлоски, но одбрани голманот, додека Биџо успева во последните десет минути од мечот да израмни на 1:1. До крајот немаше голема прилика, освен ќе го одбележиме ударот на Марковиќ кој заврши над голот. Вардар како второпласиран, заедно со екипата на Ника од Србија се пласираа во следната елиминациска рунда.