Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2008 ја победи Војводина и се пласира во финалето, генер. 2007 ќе игра за бронзениот медал
ФК Вардар генер. 2008 ја победи Војводина и се пласира во финалето, генер. 2007 ќе игра за бронзениот медал

ФК Вардар генер. 2008 ја победи Војводина и се пласира во финалето, генер. 2007 ќе игра за бронзениот медал

Генерацијата 2008 ќе игра во големото финале на турнирот „Кул Куп“ додека генерацијата 2007 ќе се бори за бронзениот медал.

Генерацијата 2007 не успеа да се пласира во големото финале на турнирот „Кул Куп“ откако бевме поразени од екипата на Албарса, дури после изведување на удари од белата точка. Во регуларниот дел, мечот заврши со нерешен резултат 1:1. Екипата на Албарса прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, сепак избраниците на Петрески нападнаа и до крајот на мечот успеаа да го израмнат резултатот на 1:1, со голот на Борјан Томовски. Откако измина регуларниот дел се пристапи на изведување на удари од белата точка, во пенал рулетот победи Албарса со резултат 7:6.

4 5 6 7

За Вардар во пенал серијата погодија Стефан Младеновски, Александар Грашески, Борјан Томовски, Емир Шаботиќ, Злате Радевски, Димитар Фидановски. Голманот Лука Јаневски успеа да спречи два удари од белата точка, додека за Вардар не погодија Лука Атанасовски, Филип Смиљков и Мичо Поповски.

Генерацијата 2008 во полуфиналето ја победи екипата на Војводина. Гледавме неизвесен и борбен натпревар, желбата за победа беше присутна и кај двете екипи. Противникот од Србија успеа прв да го отвори резултатот и да поведе со 0:1 уште во првите мнинути од натпреварот. Сепак црвено-црните беа подобрата екипа на овој дуел, иако имавме негатива оваа генерација ја краси победнички менталитет, па до крајот на поуфиналето успеа да го сврти резултатот во своја корист. Матеј Киш имаше два удари, едниот заврши над гол, додека во вториот бие од слободен удар и одбрани голманот на Војводина. Се закани и екипата од Србија, но ударот оди крај голот. Во последните десет минути од мечот, избраниците на Петар Ѓорѓиески успеаа да постигнат два гола и да слават голема победа. Најпрво на 1:1 резултатот го израмни Ненад Дамјаноски, за во последните минути од дуелот, гол да постигне и Стефан Бранковски за 2:1, вреден финале на турнирот „Кул Куп“.

1 2