После две одиграни кола во СЕХА-лигата, Вардар има учинок од една победа ( Пекинг Спорт) и пораз од екипата на Мотор Запорожје.
Во првите две кола, Вардар го има најдобриот стрелец, а тоа е новото засилување за оваа сезона, рускиот репрезентативец, Павел Атман кој се наоѓа на врвот на листата на најефикасни играчи. Атман на два натпревари постигна вкупно 11 голови. На шесттото и седмото место се наоѓаат Данил Шишкарев и Иван Чупиќ кои имаат постигнато по 9 голови.
Следниот меч за црвено-црните во СЕХА-лигата е на 24.септември кога во С.Ц. Јане Сандански ќе ја пречекаме екипата на Нексе.