Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од Вардар повикани дури 13 репрезентативци за својте земји
Од  Вардар повикани дури 13 репрезентативци за својте земји

Од Вардар повикани дури 13 репрезентативци за својте земји

На почетокот на следниот месец ќе биде  ЕХФ неделата во која ќе има  натпреварите на машките репрезентации, а играчите кои се повикани за својте земји ќе се приклучат на сениорските селекции. Нашиот црвено – црн шампион ќе има дури 13 повикани ракометари во пет различни земји.

Највеќе има  Русија – четворица варарци па нашата земја со тројца репрезентативци, а  Шпанија, Србија и  Хрватска ќе имаат по два црвено-црни играчи во својте редови. Во повиканите играчи се вбројуваат и  Стојанче Стоилов и Александар Деревен кои се во процес на рехабилитирање на повредите и истите нема да може да настапат во првата недела од ноември кога ќе се игра ЕХФ неделата. Ова е списокот на повикани 13 играчи за својте селекции за “ЕХФ неделата“ :

РУСИЈА

Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Сергеј Горбок, Александар Деревен /повреден/.

МАКЕДОНИЈА

Филип Лазаров, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов /повреден/. 

ШПАНИЈА

Хорхе Македа, Алекс Душебаев

СРБИЈА

Илија Абутовиќ, Мијајло Марсениќ

ХРВАТСКА

Лука Циндриќ, Игор Карачиќ