Екипата на Монпелје претрпе пораз на гостувањето кај Ним (25:24), на само три дена пред дуелот со европскиот шампион Вардар.
Дека тимот на Монпелје сеуште не е во посакуваната форма и дека ќе влезе ранлив на дуелот со нашиот тим, покажува поразот од не така квалитетниот тим на Ним. Мишел Гигу кој е екс играч на Монпелје, практично му пресуди на неговиот екс тим и со четири погодоци беше најефикасен на дуелот заедно со Мохамад Санад. Кај поразениот тим, Марин Шего запре 16 удари, а Јанис Лене постигна четири погодоци. На овој натпревар недостасуваа головите на бековите на противникот на Вардар, односно на Порт, Ричардсон, Симонет и Тручановичиус.
Инаку, дуелот на Монпелје и Вардар ќе биде одигра в сабота со почеток од 17 часот и 15 минути.