Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сигурдсон: Мора да останеме цврсто на земја, тука се екипите на Вардар, Барселона и Кил
Сигурдсон: Мора да останеме цврсто на земја, тука се екипите на Вардар, Барселона и Кил

Сигурдсон: Мора да останеме цврсто на земја, тука се екипите на Вардар, Барселона и Кил

Гудјон Валур Сигурдсон, едно од неколкуте засилувања на тимот на Раул Гонзалес за претстојната сезона, е претпазлив и вели дека иако неговиот тим сака да ги добие сите дуели, ќе биде тешко затоа што во Лигата на шампионите секоја година победува екипа која не е фаворит број еден за насловот. Играчот од Исланд пред се го напомена и тимот на Вардар како кандидат за трофејот и оваа сезона.

„Сакаме да ги добиеме сите дуели и да станеме шампиони. Но, мора да останеме цврсто на земја и да го почитуваме секој противник во сезоната која започнува. Во изминатите години, никогаш не победил фаворит. Оваа година велат дека ПСЖ е фаворитот, но јас не се согласувам со тоа. Тука се екипите на Вардар, Барселона и Кил“, изјави Гудјон Валур Сигурдсон.