Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Монпелје загуби од Ним, им пресуди играчот кој самите го „избркаа”
Монпелје загуби од Ним, им пресуди играчот кој самите го „избркаа”

Монпелје загуби од Ним, им пресуди играчот кој самите го „избркаа”

Екипата на Монпелје претрпе пораз на гостувањето кај Ним (25:24), на само три дена пред дуелот со европскиот шампион Вардар.

Дека тимот на Монпелје сеуште не е во посакуваната форма и дека ќе влезе ранлив на дуелот со нашиот тим, покажува поразот од не така квалитетниот тим на Ним. Мишел Гигу кој е екс играч на Монпелје, практично му пресуди на неговиот екс тим и со четири погодоци беше најефикасен на дуелот заедно со Мохамад Санад. Кај поразениот тим, Марин Шего запре 16 удари, а Јанис Лене постигна четири погодоци. На овој натпревар недостасуваа головите на бековите на противникот на Вардар, односно на Порт, Ричардсон, Симонет  и Тручановичиус.

Инаку, дуелот на Монпелје и Вардар ќе биде одигра в сабота со почеток од 17 часот и 15 минути.