После две одиграни кола во СЕХА-лигата, Вардар има скор од една победа и еден пораз.
Медија тимот на СЕХА-лигата направи избор на најдобрите три голмани, на стартот од новата сезона во ова натпреварување. Токму двајцата голмани на Вардар се најдоа во ТОП-3. Тоа се Калифа Гедбан и Артурс Кугис кои на мечевите против Пекинг Спорт односно Мотор Запорожје имаа по 13 одбрани. На третото место се најде македонскиот репрезентативец и голман на Еурофарм Работник, Николче Митревски.