Европскиот ракометен Шампион утрово замина за Франција, каде во сабота ги очекува првиот натпревар од Лигата на Шампионите за оваа натпреварувачка сезона.
Вардарци авионски од Скопје до Истанбул, па од таму до Марсеј би требало во вечерните часови да пристигнат во Монпелје. Како што е познато во составот ќе ги нема Толедо и Стоилов, кои се опоравуваат од повредите, додека сите останати ракометари ќе му бидат на располагање на тренерот Писонеро, за овој прв воведен меч од ЛШ.
И минатата сезона ја отворивме со гостување во Монпелје, тогаш и славевме на тој натпревар. Дуелот во сабота стартува од 17:15 часот со директен пренос на МРТ.