Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ОДЛИЧЕН Маркетинг потег на РК Вардар! Сликање со фановите, автограми, купување билети, попусти…
ОДЛИЧЕН Маркетинг потег на РК Вардар! Сликање со фановите, автограми, купување билети, попусти…

ОДЛИЧЕН Маркетинг потег на РК Вардар! Сликање со фановите, автограми, купување билети, попусти…

Одличен маркетинг потег на раководството на ракометниот клуб Вардар. Тие ги повикуваат фановите на заедничка дружба помеѓу вардаровите ѕвезди и фановите на црвено-црните. Клубот во соопштението по повод оваа промотивна акција вели:

Ве повикуваме во петок (23 октомври) од 12 до 14 часот да дојдете во Скопје Сити Мол на заедничко дружење со ракометарите на Вардар, како загревање за натпреварот со Кјелце од Лигата на шампионите.

Со секој купен билет за тој меч, кој ќе се одигра в сабота во 17:30 часот, добивате: 20 проценти попуст во Фан-шопот на Вардар, фотографија и автограм од вашиот омилен ракометар, како и изненадување од РК Вардар.За време на овој настан ќе можете да купите и дел од производите од Фан-шопот и тоа со потпис од ракометарите на Вардар.Ве очекуваме сите на голем дружење за безрезервно да им ја дадеме потребната поддршка на нашите херои пред еден од најважните натпревари во оваа сезона од Лигата на шампионите.