Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Хасановиќ го реши Пелистер, младинците на ФК Вардар стигнаа до вториот триумф сезонава
Хасановиќ го реши Пелистер, младинците на ФК Вардар стигнаа до вториот триумф сезонава

Хасановиќ го реши Пелистер, младинците на ФК Вардар стигнаа до вториот триумф сезонава

Младинците на ФК Вардар на домашен терен остварија минимална победа над Пелистер. Момците на Деспотовски Филип триумфираа со 3-2 (3-0) на оваа средба.

Тренерот Деспотовски започна со следниве 11-сетмина: Андов, Зендели, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевки, Хасановиќ, Цури, Демири, Ристовски и Трајановски, Во вториот дел влегоа: Рушити, Ангелковски, Кртовци и Ацовски.

Ние нападнавме со сите сили на самиот почеток, првиот удар кон голот на ривалот го имаше Ристовски Давид. Потоа следеше гол серија на Малик Хасановиќ, тој од три шанси постигна три гола. За 1-0 постигна погодок по асистенција на Трајановски. Потоа му асистираа Иван Мицевски и Цури Аљдин и во сите прилики тој умешно стрелаше. Зголеми на 2-0, а потоа зголеми и на 3-0, Хасановиќ едноставно си поигруваше со одбраната на ривалот. Трајановски имаше обид за четврт погодок за црвено-црниот тим. Доминиравме целосно на овој натпревар, имавме посед ривалот не можеше да се закани кон голот на Андов Матеј. Имавме голема прилика по воиграна акција, Ристовски го пронајде Хасановиќ кој даде одлична топка до Мирчевски Виктор кој од непосредна близина непогоди. Целосно ние доминиравме на овој младински дуел, тритте гола ни дадоа шанса за да играме опуштено и да комбинираме.

1 2 3

Андев Матеј го отвори вториот период со две одлични интервенции, зелено-белите успеаа да се заканат пр впат во 47.минута од оваа младинска средба. Ние првата закана во ова полувреме ја имавме преку Рушити кој силно се вивна во воздух и со глава упати удар кој не успеа да го валоризира со погодок. Хасановиќ со петта одлично асисира до Ристовски, неговиот удар беше блокиран од одбраната. Демири го проба ударот од дистанца, неговиот шут од над 30.метри замина над гредата од голот на битолчани. Андов ја потврди репрезентативната форма, по една контра на Пелистер беше очи во очи со противничкиот напаѓач и одбрани маестрално. Во 63.минута противникот успеа да погоди за прв пат кога намали на 3-1. Следеше период на рамноправна игра на двете страни, истиот го прекина еден старт во нашиот казнен простор. Пелистер успеа да го погоди пеналот и намали на 3-2, загрозувајќи ја нашата победа. Успеавме рутински да го завршиме мечот и да победиме со гол предност.

Ова беше втор триумф сезонава за младинците на ФК Вардар.