Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Спартак ги „налути“ вардарки, па доби ракометна лекција и пораз со 9.гола негатива
Спартак ги „налути“ вардарки, па доби ракометна лекција и пораз со 9.гола негатива

Спартак ги „налути“ вардарки, па доби ракометна лекција и пораз со 9.гола негатива

Женскиот ракометен клуб „Вардар“  започна со триумф во  првиот напревар од новата сезона 2019/2020 во женската Супер лига. Ривал ни беше тимот на ЖРК Спартак од Скопје, ние го совладавме домиќинот на  овој дуел на кој официјално деби како прв тренер на суперлигаш  имаше Драгана Ристова.

Првиот дел на мечот кој се одигра во салата при ОУ „Круме Кепески“ во Скопје започна со „стерилни“ минути. Во 4.минута Ангела Костовиќ успеа да погоди за 0-1, потоа Ива Јаковчевска успеа да ја удвои предноста со гол за 0-2. Ривалот, Грујовска ја совлада во 6.минута за прв пат, за 1-2. Ние потфрливме во напад, и во одбрана па Спартак со серија 4-0 поведе со 4-2. Ние изедначивме на 4-4, потоа се играше гол за гол, двата тима поведуваа со еден гол ривалот изедначуваше се до 9-9. Успеавме конечно да се издигнеме за класа над спартанки и во финишот на првиот дел одигравме далеку подобро. Покажавме дека сме вардарки, девојки со карактер. На пауза заминавме со предност од три гола, 11-14. Поважно од трите гола позитива беше тоа што го контолиравме дуелот во целост, ние бевме тие кои диктиравме темпо.

a3-2
Спартак појде на се или ништо во вториот дел, успеа да дојде на само негатива 15-16. Потоа се разбуди лавовското срце на црвено-црните дами, на теренот имаше само еден тим кој доминира. Влеговме во пеколна и неверојатна серија, во одбраната одигравме одлично примивме само еден гол, во напад газевме и погодивме дури осум пати за предност од 16-24. Ова беше помалку нервозен дуел со многу исклучувања и седмерци, сепак „данокот“ на деби колото мораше да се плати. Нашите девојки и покрај падовите се враќаа во стил. До крајот веќе се се знаше одлично одигравме, победивме со девет гола, односно со резултат 24-33.

a2-2
Прв стрелец беше изведувачот на пеналите Седлоска со 9 гола, десното крило Миновска погоди 4 пати. Со бројот „4“ зад своите имиња завршија и двете голманки, Грујовска во првото и Илиќ во второто полувреме имаа по четири доста важни одбрани. Одлични партии со по три погодока пружија: Божиновса, Галевска, Џатевска и Јаковчевска.