Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Победа во кадетското дерби, Вардар триумфално со Пелистер
Победа во кадетското дерби, Вардар триумфално со Пелистер

Победа во кадетското дерби, Вардар триумфално со Пелистер

Кадетите на ФК Вардар денес се сретнаа со ривалот од Битола, тимот на ФК Пелистер. црвено-црните момци на Деспотоски на мечот кој се одигра на теренот во Аеродром дојдоа до три бода. Победата ја остваривме со резултат 3-1 (1-1).

5
Вардар дуелот го започна со следниот тим: Китановски, Петејчук, Асани, Радуловиќ-Величковиќ, Гугуљанов, Хасани, Крстевски, Ѓурковски, Омерагиќ, Речица и Салиу. Во вториот дел влегоа: Исени, Симев, Шабани и Фазљиу.

Тргнавме офанзивно по првата судиска свирка, нашата предност дојде на самиот почеток. Успеавме преку Омерагиќ Азер да отвориме кој со глава стрелаше за 1-0. Салиу Фисник имаше прилика која голманот на ривалот ја скроти. По една акција на зелено-белите тие успеаа со удар од дистанца да изедначат на 1-1. Китановски на нашиот гол врза две одлични одбрани и спречи предност на гостите. Ние до крајот имавме повеќе од поседот на топката, се заканивме уште два пати по една прилика впишаа Гугуљанов Петар и Речица Харбин. Пред самиот крај со удар од дистанца противникот се закани, Китановски Кристијан одлично со парада исфрли во корна. По изведувањето на истата повторно мораше да интервенира, од главата на противничкиот играч со бокс топката ја исфрли во поле. Со резултатска симетрија 1-1 заминавме на одмор, иако далеку повеќе посед во првиот дел имаа момците на Филип Деспотоски.

4

Вториот дел започна слично како и првиот со наша инцијатива и повторно со наш погодок во воведните 3-4.минути. По една мешаница пред голот на битолчани најприсебен беше Хасани тој шутна силно по земја за наше водство со еден погодок, 2-1. Веднаш потоа од дистанца Ѓурковски шутна силно по земја, за жал топката мина за малце крај левиот директ. По една добро одиграна акција го удвоивме водството, Харбин Речица стрелаше за високи 3-1 и најави дека бодовите ќе останат во Скопје од овој кадетски дуел. Ривалот се обиде со удар од дистанца, нашиот голман Китановски кој денес беше на висина на задачата лесно ја прибра таа топка.

3

Ние доминиравме во поле, преку Салиу Фисник се заканивме топката мина крај стативата. Хасани потоа се закани со глава, а Речица имаше прилика да погоди од непосредна близина со нога. Сериозна шанса за одбележување е таа на Ѓурковски , тој изведе слободен удар одкосо на далечина од 25.метра. Ринор Исени ја имаше последната прилика тој шутна силно над голот. Умешно дуелот го приведовме кон крајот, победата беше осигурана по треттио,т гол потоа одигравме паметно во поле.

Ова е втора победа за кадетите на ФК Вардар во оваа сезона.