Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар сака да ја продолжи успешната серија и по петтото коло
Вардар сака да ја продолжи успешната серија и по петтото коло

Вардар сака да ја продолжи успешната серија и по петтото коло

Вардар ја пречекува екипата на Струга Трим Лум во рамките на петтото коло од ПМФЛ. Ова ќе биде прво меѓусебно соочување на овие два тима. Се надеваме на крајот со победа на нашиот тим. Струга Трим Лум важи за хит во шампионатот досега, каде собра седум бодови (исто колку и Вардар) со гол разлика од 6:5. Во тимот од Струга настапуваат неколку проверени и искусни имиња како Кировски, потоа Цветаноски Дејан, Христијан Драгарски, како и екс младиот играч на Вардар, Јахја.
 .
Арбен Тафе и Ард Касами поради суспензија ќе ги нема во тимот на Струга Трим Лум, додека пак кај нашиот Вардар поради повреди ќе ги нема младите Џемал Ибиши кој беше херој против Ренова и Димоски играчот од средината на теренот. Сите други играчи се подготвени за настап попладнево.
.
Натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум се игра денес (14. септември) на Градскиот стадион во Скопје со почеток од 15:30 часот.