Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати составите, Монпелје без Трухановичиус и Суси
Познати составите, Монпелје без Трухановичиус и Суси

Познати составите, Монпелје без Трухановичиус и Суси

Започнува нова сезона, а со тоа и нови возбудувања во Лигата на шампионите. Денес Вардар ја започнува одбраната на Европската титула, со гостување кај екипата на Монпелје, дуел кој стартува од 17:15 часот со директен пренос на МТВ.

На денешниот дуел тренерот на Вардар, Писонеро нема да може да смета на повредените Де Толедо и капитенот Стоилов, додека пак кај домакинот, исто така поради повреди ќе ги нема бек шутерот од Литванија, Јонас Трухановичиус и кружниот напаѓач Мохамед Суси.

Составот на РК Вардар за денеска: Кугис, Гедбан, Пелко, Горпишин, Калараш, Дибиров, Димитроски, Чупиќ, Шишкарев, Криштопанс, Скубе, Атман, Дисингер, Горбок, Кукуловски и Карапалевски.