Пионерите на ФК Вардар успешно ја поминаа 1/8 финалната пречка од Купот на Македонија и на тој начин се пласираа во следната елиминациска рунда. Победникот беше решен во само еден меч, кој му припадна на Вардар кој славеше во дуелот со екипата на Милано (4:1). Два гола беа дело на Мирков, додека по еден постигнаа Давидовски и Стојановски.