По двете воведни кола младите вардарци од тимот на РК Вардар Јуниор се без бодови, во истите забележавме два порази. На програмата овој викенд е треттото суперлигашко коло од новата сезона. Во истото момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков ќе бидат домаќини.
На нас ни гостува тимот на РК Бутел-Скопје предовен од Грчевски Кристијан и Јанев Дарко. Ривалот доаѓа со максимални шест бода, тие со Металург и Пролет ја делат лидерската позиција по две кола. Дуелот се игра во сабота, на 21.септември, истиот е закажан со почеток во 15-00 часот.
Мечот кој се игра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ ќе го судат Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.