Вардар против Шкендија одигра само 2:2 во првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија. Велиме само 2:2 бидејќи нашиот тим можеше и имаше шанси да постигне дури и пет погодоци, но расположен на голот на гостите беше Реџепи, кој спаси неколку сигурни погодоци на нашите играчи.
По натпреварот, главниот напаѓач на вардарци на овој дуел, Даниел Аврамовски, рече дека неговиот тим одиграл солиден натпревар и дека заслужиле да победат.
„Сметам дека заслуживме да победиме денеска. Бевме подобар противник, имавме повеќе посед, повеќе шанси од противникот. Одигравме за чиста десетка. На почетокот имавме две шанси, потоа и при 0:1 четири прилики, но тоа е фудбалот. Кога не се користат шанси, обично следува казна. Верувавме и при негатива од 0:2 дека можеме да дојдеме до израмнување. Се договоривме да продолжиме да напаѓаме, да креираме шанси. Не можевме цел меч да промашуваме, мораше некогаш топката да заврши во противничкиот гол. И при 2:2 испуштивме шанса за 3:2. Навистина штета и треба да жалиме. Сега има реванш од кој се надеваме дека ќе излеземе како победници, и дека сето она што не го реализиравме тука, ќе успееме таму.“, рече вардаровиот фудбалер Даниел Аврамовски.