Утре, европскиот првак нашиот РК Вардар гостува кај Мотор Запорожје во дуел од ЛШ. Ова е втора средба со украинскиот тим, првата пред неколку седмици на која бевме поразени беше дел од регионалната СЕХА Лига.
На натпреварот кој ќе се игра во Запорожје, во недела од 17.00 часот по македонско време ние ќе атакуваме да ја минеме бројката 4.000 голови во елитната лига. Тоа е повеќе од очекувано, веројатно ќе стигнеме до истата и по првите 30.минути. На црвено-црните им „фалат“ 11 погодоци до таа бројка, нашиот тим досега има постигнато 3.989 голови. Ние сме во шанпионски ритам, имаме две победи во ЛШ и со максимални 4.бода патуваме како лидери на табелата.