Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФОТО: Добро утро лидери!
ФОТО: Добро утро лидери!

ФОТО: Добро утро лидери!

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со феноменалните игри и победи во ПМФЛ. Со вчерашната победа над Академија Пандев, шестта во низа, „црвено – црните” се зацврстија на првенствената табела со сега веќе четири бодови повеќе од второпласираниот Пандев и дури девет повеќе од најголемиот конкурент за титулата оваа сезона, екипата на Шкендија.

Вардар вчера на Градски одигра онолку колку што е потребно да слави победа, а да не прими гол. Аврамовски од пенал го реши дербито, а нашиот тим имаше и уште еден постигнат гол кој беше поништен поради сомнителна офсајд ситуација.

Во овој момент на лидерот му преостанува да се подготвки добро за неделната дерби пресметка во Тетово кај Шкендија, а потоа следува пауза и одмор во шампионатот на Македонија.

Фото, како изгледа табелата во ПМФЛ во овој момент:

fds