Генерацијата 2007 на фудбалскиот клуб Вардар одигра ревијален натпревар на меморијалниот турнир „Оливер Соколов-Сокол“ против екипата на Работнички.
Овој натпревар беше увертира за она што следува следната година на Сокол, односно Сокол Јуниор Куп. Мечот го добија вардарци кои славеа со резултат 3:2. Стефан Младеновски постигна два гола, додека еден погодок беше за Александар Грашески. Натпреварот се одигра пред 1.500 луѓе кои беа присутни и уживаа во мајсториите на нашите млади надежи.