Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голужа: Тие се апсолутен владетел во СЕХА, Вардар е фаворит на мечот со нас
Голужа: Тие се  апсолутен владетел во СЕХА, Вардар е фаворит на мечот со нас

Голужа: Тие се апсолутен владетел во СЕХА, Вардар е фаворит на мечот со нас

Вечерва, европскиот првак и владетелот во регионалното натпреварување, РК Вардар ќе му гостува на Татран Прешов. Ова е дуел  во рамките од 4.коло од регионалната СЕХА лига. Кормиларот на домаќинот, Славко Голужа  е свесен со каков предизвик ќе се соочи неговиот тим денес. Натпреварот се игра во  20:45 часот

Против екипа како  што е тоа Вардар мора да одиграме најдобро што можеме. Ние имаме и неколку повредени играчи, па затоа нема да велам дека  сигурно ќе победиме. Покрај сите проблеми, ние треба да се обидеме да дадеме се од себе против една шампионска екипа. Тие се  апсолутен владетел во СЕХА. Доживеа неколку промени во однос на минатата сезона, но, и покрај тоа, доби квалитетни засилувања. Ќе се подготвиме максимално и се надеваме на добра поддршка од трибините- вели Голужа.