Избран е идеалниот тим за изминатиот месец, септември во регионалната СЕХА Лига. Медија тимот на СЕХА лигата во овој избор го смести и левото крило на РК Вардар, рускиот репрезентативец Тимур Дибиров. Идеалниот тим за септември изгледа вака:
Голман: Никола Митревски (Еурофарм Работник)
Лев бек: Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Кружен напаѓач: Максим Бабичев (Мотор Запорожје)
Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест)
Десен бек: Јовица Николиќ (Војводина)
Среден бек: Расмус Лауге Шмит (Веспрем)
Тренер: Давид Дејвис Камара (Веспрем)