Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар високо го совладаа Алушевски во дербито, Киселовски го наполни голот на противникот
Кадетите на Вардар високо го совладаа Алушевски во дербито, Киселовски го наполни голот на противникот

Кадетите на Вардар високо го совладаа Алушевски во дербито, Киселовски го наполни голот на противникот

Кадетите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до втората сезонска победа. Попладневно во малата сала на С.Ц. Јане Сандански избраниците на Будимир и Станковски ја победија екипата на Алушевски.

Започнавме со одлична одбрана на Михајловски на нашиот гол, тоа во одбрана го награди Благој Димчевски кој погоди по еден одличен пад за 1-0. Ривалот во почетокот на мечот успеваше да одржува резултатска симетрија, беше 2-2 па 3-3. На нашиот гол Михајловски беше одличен, одбраната на ниво па во 14.минута по една контра во која одлично исолира Чакалиќ, поведовме со три плус 8-5.

1 3

Противникот побара минута одмор, со добра игра ги одбранивме нивните налети и отидовме и на плус четири. Со голот на Велимир Грујовски поведовме со 11-7. Во последната третина од дуелот влеговме со шест плус, на семафорот стоеше 15-9 по голот на Марио Мишевски. Нашето крило „украде“ една топка, одлично тргна во контра и ефектно погоди. Одлично одигравме во следните пет минути, во одбраната феноменални. Со серија 3-0 отидовме на 18-9 во 25.минута со голот на Савревски. По три минути пост, со голот на Киселовски отидовме на двоцифрена предност, поведовме со 19-9. Ривалот успеа да ублажи па на пауза замина со намалена негатива, односно со резултат 19-10.

2

Вториот дел го отворивме со одбрана на Михајловски и погодок еден на Савревски и два на Киселовски, со кои успеавме да направиме серија па по 3.минути игра водевме со 22-10. Противникот не можеше да го следи нашиот ритам, ние диктиравме темпо со кое ја одржуваме предноста над двоцифрената граница. По 12.минути игра имавме 13.гола предност, со голот на Чакалиќ поведовме со високи 26-13.

4 5 6

На голот доби шанса и Давид Стојкоски тој исто така одлично влезе во натпреварот со една прекрасна одбрана со нога. На пенал влезе Ангреловски, тој одбрани фантастично, очигледно овој тим има три одлични голмани во ростерот. Будимир од клупата одлично ротираше, ритамот беше задржан, од поголем дел од момците извади максимум како што само она успеава во тоа. Во 24.минута поведовме и со 15 гола предност, последните пет минути беа чиста формалност што следеа. Победата дојде со резултат 37-22 на оваа средба.

Најефикасен во нашите редови беше Леонид Киселовски кој постигна 9 голови. Давид Савревски и Симон Калајџиески имаа по 7 погодоци. Бојан Чакалиќ постигна 4, додека Дамјан Србиновски 3 голови. По 2 беа дело на Велимир Грујовски и Благој Димчевски , додека по 1 постигнаа Марио Мишевски, Филип Атанасовски и Дарјан Петков.