Екипата на Охрид успеа да излезе како победник во пресметката со Вардар Јуниор, на меч од машката Супер Лига. Избраниците на Петрушевски и Манасков одиграа добар и борбен натпревар, но на крајот Охрид ги освои бодовите, иако немаше да биде незаслужено, ако бодовите останаа во Скопје.
Првите два гола за Вардар Јуниор на овој меч беа дело на Дамјан Јакимовски, со кои успеавме да го израмниме резултатот на 2:2 во првите минути од натпреварот. После четвртата минута од мечот, момците на Петрушевски беа во постојана предност, која после истекот на првото полувреме можеше да биде и повисока од само еден гол разлика. Погоди Стефан Крстевски за прво водство на црвено-црните, а после него и Славе Јанковски и за во 8 минута да имаме водство од 4:2. Му дадовме голем отпор на поискусниот повозрасен тим на Охрид, кој од клупата го предводи Раде Стојановиќ. Гостите од Охрид успеваа во два наврати да го израмнат резултатот на 5:5 во 10 минута и на 7:7 во 14 минута од натпреварот. Откако Васил Гогов на нашиот гол забележи интервенција, Вардар Јуниор со погодокот на Стефан Атанасовски поведе со 8:7, а лесно можевме да поведеме и со три гола позитива, но Карапалевски не успева да реализира удар од седум метри.
Сепак Вардар Јуниор за прв пат на мечот се одлепи на највисоки три гола разлика (10:7), откако Стефан Крстевски го погоди празниот гол на противникот, во 24 минута. Игравме добро во одбраната, Охрид немаше идеја да го пробие нашиот бедем, а Вардар Јуниор сигурно делуваше во нападот, па со погодокот Ѓорѓи Дука на стигнавме и до водство од 11:7. Сепак влеговме во лош период во кој судиската двојка на овој меч ни покажа дури три исклучувања, од кои едно беше поради лоша измена, односно имавме играч повеќе на теренот. Тоа Охрид максимално го искористи, па до истекот на првите 30 минути успеаа да намалат на само еден гол негатива (12:11) стоеше на семафорот во малата сала на С.Ц. Јане Сандански.
Второто полувреме започна со два гола во серија за гостинскиот тим, кој го превзеде водството на 12:13, а Дејан Кукуловски се погрижи да го израмни резултатот на 13:13. На голот во вториот дел застана Марко Кизиќ, кој бележи одбрана, која во нападот ја награди Гашовски, за ново водство на нашиот состав од 14:13. Вардар Јуниор преку Карапалевски зголеми и на 16:14, но Охрид врати со два гола во серија за ново израмнување (16:16) во 41 минута од натпреварот.
Неизвесноста продолжи на овој меч, се играа последните десет минути од натпреварот, а ниту една од екипите немаа осетна предност. Сепак Охрид е тимот кој успева да поведе со 19:21, а вардарци и понатаму не се предаваа и се обидуваа да го изненадат противникот. На пет минути пред крајот, гостинскиот тим се стекна со осетна предност од четири гола (21:25), па можеби полека и се наѕираше победникот на овој дуел од Супер Лигата. На крајот, Охрид славеше со резултат 23:28.
Дејан Кукуловски постигна 7 гола, додека додека Стефан Крстевски постигна 5 гола.