Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки покажаа дека имаат срца како планина, со пресврт во финишот триумфираа на „жешкото“ гостување кај Стружанка

Вардарки покажаа дека имаат срца како планина, со пресврт во финишот триумфираа на „жешкото“ гостување кај Стружанка

0000000-2

Вардарки газат безмислосно во Супер лигата, тие дојдоа до 3/3. Денес имаа тежок ден, најпрвин поради технички проблеми нивниот пат до Струга траеше двојно од нормалното, таму ги пречека силен и мотивиран ривал. Против тимот кој секогаш игра одлично дома, Стружанка остваривме победа со пресврт во последните минути. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев победија со 25-29.

Голема борба се водеше во приот период, двата тима ја поскауваа победата па резултатски беа блиску. Вардарки одолеваа на нападите на ривалот и успеаа да влезат во последните две минути со предност од два гола, односно водевме 12-14 во 28.минута. Сепак пркосните домаќинки успеаа да погодат два пати на крајот и го однесоа дуелот на одмор со неизвеснен резултат, 14-14.

0000

Принудниот „тим билдинг“ на Стража донесе позитивна енергија за битка

Вториот дел започна изедначено, сепак како што минуваше средината на ова полувреме домаќинот поведуваше, а ние моравме да се враќаме. Најголемата предност стружанки ја имаа кога поведоа со  22-19, ние бевме на работ на безната. Ама не може и не смее никогаш да се отпише Вардар, тоа го покажавме и денес.  Со серија 0-4 го преземавме водството и поведовме со 22-23, сепак домаќиниот повторно изнајде сила за егал. Тие се вратија и изедначија на 24-24 во 54.минута. Се беше отворено, тогаш вардарки заиграа одлично во одбраната, Илиќ имаше клучи одбрани во тие моменти. Во нападот денес одличната и супериорна во однос на риалите, Бојана Диневска  одигра капитенски, погоди 4.пати. Со серија 1-5 кога беше клучно ние победивме со 25-29.

Кај нас прв стрелец беше капитенот Бојана Диневска, таа одигра феноменален дуел и погоди 10.пати од игра. Андреа Илиќ впиша 11.одбрани, Седлоска Андреа постигна 9.погодока (4 од пенал). Другиот голман Симона Грујовска даде придонес со 4 одбрани во оваа победа. По три гола имаа, Ангела Гроздановска и Ива Јаковчевска.