Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите имаа успешно „огнено крштевање„ во младинската лига, Вардар „пркосеше“ на повозрасниот КЛ-7, но на крајот загуби
Пионерите  имаа успешно „огнено крштевање„ во младинската лига, Вардар „пркосеше“ на повозрасниот КЛ-7, но на крајот загуби

Пионерите имаа успешно „огнено крштевање„ во младинската лига, Вардар „пркосеше“ на повозрасниот КЛ-7, но на крајот загуби

Пионерите на РК Вардар имаа „огнено крштевање“ во младинската лига, така млади добија шанса да играат во две категории повисока конкуренција и покажаа дека се достојни за црвено-црниот дрес. Гостуваа кај тимот на РК КЛ-7 Струга, беа поразени, иако водеа во поголем дел од дуелот, сепак ова за нив е прв дуел во вака сериозна конкуренција.

Мечот започна одлично за нас, тргнавме силно во одбраната и казнувавме во напад. Започнавме со водство од 0-3, потоа водеа нашите момци три плус, кога постигнаа гол за 2-5. Повозрасниот домаќин постојано атакуваше на нашата предност, но ние одговаравме со погодок на секој нивни гол. На пауза заминавме со предност токму од три гола, односно со резултат 8-11. Никола Спасовски во овој период имаше повторно маестрална партија на нашиот гол.

Во вториот дел го започнавме како што го завршивме првиот, со игра гол за гол одржувајќи се на три плус, по воведните 5.минути беше 10-13. Домашните младини успеаа да изедначат против нашите пионери, 15-15. Ние повторно се вративме со гол во предност поведувајќи со 15-16. Нашето неискуство беше платено во финишот, КЛ-7 успеа да одигра подобро и дојде до победа. Арбитражата како и секогаш типична на ваквите гостувања, некоректна со значајна помош за домашниот тим. Пионерите се за секоја пофалба, тие беа поразени со 23-19.

312

Најефикасен беше нашето крило Матеј Трајановски со 5 гола, Андреј Петрушевски погоди 4 пати, додека Никола Анакиевски беше прецизен во 3 наврати.