Селекторот на машката сениорска репрезентација, Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир и настап на машката сениорска репрезентација за меѓународни пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата. За селекцијата на Македонија повикани се тројца играчи на вардаровиот тим станува збор за: Кизиќ Марко, Димитриоски Димитар и Кукуловски Дејан.
За време на ЕХФ неделата која ќе се одржи од 21.10.2019 до 27.10.2019 во рамки на подготвителниот период за настап на Европското Првенство 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка, сениорската репрезентација на Македонија ќе одигра меѓународни пријатески натпревари против репрезентациите на Турција и Грузија.