Генерацијата 2011 на ФК Вардар денес одигра ново коло во детската фудбалска лига, на кои имаше еден пораз и нерешен резултат.
Во еден интересен натпревар, Вардар (1) доживеа минимален пораз од екипата на Албарса, со конечен резултат од 2:3. Головите за Вардар ги постигнаа Борјан Костовски и Огнен Божиновски. Вардар (2) за противник ја имаше екипата на Биџо, со која одиграа нерешено 3:3. Стрелец на сите три гола за Вардар (2) беше Кристијан Марковиќ
Погледнете фотографии од двата меча на генерација 2011.