ФК Вардар генарација 2011 одигра два дуели во детската лига. Момците на Андоновски Боби остварија една победа и одиграа едно реми.
ФК Вардар (1) се сретна со тимот на ФК Бутел, на овој дуел успевме да дојдеме со победа 5-3 (1-1). Првиот дел не беше многу ефикасен, ривалот успеа да поведе прв погодувајќи за 0-1. Ние успеавме да изедначиме преку Доротеј Христов, истиот играч имаше шанса и за комплетен пресврт. Неговиот удар од дирекно корна заврши во стативата. На одмор заминавме со реми 1-1.
Вториот дел започна со водство на црвено-црните, од центарот дирекно погоди Борјан Костовски за предност со 2-1. Ние потоа поведовме со 4-1, ривалот се закани и намали на 4-3 со два врзани гола. Сепак на крајот најдовме сили и запечативме со погодок за 5-3. За нас на оваа средба имаше двајца стрелци: Доротеј Христов погоди три пати, двапати стрелаше Борјан Костовски.
ФК Вардар (2) ген.2011 одигра реми 3-3 со тимот на ФК Аеродром. Ние отворивме со погодок на Кристијан Марковиќ, кој откосо од над 10.метра ефектно погоди за предност 1-0. Противникот ја нападна нашата предност, имаше 3-4 големи шанси. На нашиот гол денес одличниот, Огнен Божиновски успеа да одбрани одлично. Со минимална предност заминавме на одмор.
Ривалот успеа да погоди набрзина двапати во вториот дел правејќи целосен пресврт, тие поведоа со 1-2. Ние вративме со иста мерка и со два гола поведовме 3-2. За нас погодија повторно Марковиќ и Петар Симов. Имавме повеќе од играта, победата ни беше на дофат, по една конфузија во одбраната си постигнавме авто-гол за конечни 3-3.